Новајлијата во Втората македонска фудбалска лига, Охрид, после финализирањето на сите детали ја официјализираше соработката Љупче Трпески, Мартин Лекоски и Александар Целески.

Триото доаѓа од Кораб каде минатата сезона настапуваа во второлигашкото друштво. Трпески и Лекоски имаат дефанзивни задачи во екипата, додека Целески е задолжен за тресење на противнчките мрежи.

Со ангажманот на Трпески, Лекоски и Целески, а претходно и голманот Даниел Котевски, „рибарите“ полека го екипираат ростерот и максимално подготвени ќе ги започнат подготовките за новата сезона.

Според најавите подготовките ќе започнат в среда, а до тогаш лесно може да се случи Охрид да промовира уште некој фудбалер.

OhridNews

Репрезентативен голман прво засилување на ФК Охрид!