Иако празниците се зад нас, Охрид се уште е украсен. Во центарот на градот светат новогодишните украси, како и ѕвезденото небо. Од локалната самоуправа информираат дека причините зошто не се демонтирани новогодишните украси се објективни, односно дека тоа не е направено поради ниските температури.

По традиција, а и според планот за годинешното украсување, украсите требаше да се отстрануваат веќе од викендот односно првиот работен ден по викендот. Но, заради екстремно ниските температури и несоодветните услови за работа на работниците задолжени за тоа, ќе се причека ден два – додека малку се подзатопли. Нехумано е да се излагаат работниците на таков напор кога мрзнат прстите.Тоа е единствената причина зошто не се симнати новогодишните украси, не станува збор за немарност или заборавност, ни изјави Никола Маневски – портпарол на општината.


Охрид се уште новогодишно украсен

Ohridnews