Охрид имаше минимално водство до 87 минута, откако Маркоски во 36 минута го доведе домаќинот во предност. На три минути пред крајот Трајков ја искористи нерешителноста на домашниот голман Капрически и го израмни резултатот. Во 91 минута гостите пропуштија колосална шанса за победа, кога противничкиот напаѓач не реализира зицер.
Охрид и покрај ремито дома со 10 бода од 4 средби е во врвот на второлигашката табела. Во наредното 5-то коло кое на програмата е на 13 септември, Охрид гостува на Нов Милениум.