Алфата „заврши“ в ендек
Возачот имаше голема среќа
Автомобилот најпрво удрил во банкина па се завртел
Причината за излетувањето од патот е најверојатно нешто поголемата брзина со која се движело возилото, возачот во еден момент изгубил контрола, алфата удрила во металната банкина, не ја „скинала“ туку се завртела за 180 степени и завршила во ендекот отстпротива. На местото на настанот увид вршеше охридската полиција, а од еден од полицајците слушнавме дека возачот иако имал квалитетно возило сепак поважно е што имал „многу среќа“.