Во Охрид во 1983 година умрела д-р Елена Етингер Каваева, еден од основоположниците на македонската заштита на охридско-струшкиот крај и во Македонија, активен учесник во Октомвриската социјалистичка револуција во Русија, личен пријател на Ленин и помагач на НОВ во Македонија.

Заедно со својот сопруг д-р Влдимир Каваев влегла во енциклопедиите на медицинските науки.

Повеќе од четири децении Д-р Каваева беше посветен лекар, доајен на македонската педијатрија, активен општественик и хуманист.

Во здравствената установа “Маларична“ илјадници пациенти, најмногу доенчиња, деца и младинци од Охрид и околината беа најсовесно лекувани, вакцинирани, превентивно прегледувани, испраќани на лекување и рехабилитација во разни специјализирани установи во тогашна Југославија.

Д-р Каваева повеќе години го раководеше и првиот Родилен дом во Охрид, каде секојдневно го контролираше здравјето на новороденчињата.

Родена е во Честахов, Полска, на 20 ноември 1903 година.

OhridNews