Денеска, 5 јули, се навршуваат десет години од смртта на Сашо Кичеец, познат адвокат, легендарен охридски угостител и еден од основачите на култното кафуле „Mezzo forte“ кое, започна со работа на летен Св. Наум пред точно 30 години.

Сашо Кичеец, човекот со исклучителен шарм и бескрајна насмевка, остави голема трага во градскиот живот, а „Mezzo forte“ создаде неизбришливи спомени кај генерации охриѓани. И ден денес со емоции се прераскажуваат незаборавните забави од 1990-тите години во „Mezo forte“, чиј заштитен знак беше Сале Кичеец. Еснаф во вистинска смисла на зборот, кој колегите кафанџии ги почитуваше како гостите во „Mezzo forte“, кое на многумина им беше втор дом, затоа што го чувствуваа како свое.

Новите времиња носат нови трендови, се менуваат генерации и навики, но споменот на Сашо Кичеец не бледнее, останува да живее во сеќавањата на охриѓани кои со доза на носталгија се присетуваат на едни убави времиња.

OhridNews