Во 1944 во Охрид на денешен ден умрел Кирил Прличев, македонски патриот, македонски револуционер, публицист, журналист, идеолог и интелекуалец, син на Григор Прличев.

Учесник бил во Илинденското востание во четата на Христо Чернопеев. Бидејќи едно време бил протоѓеровист, во 1931 година под притисок на Иван Михајлов се откажал од политичката активност во редовите на Организацијата. За време на Втората светска војна бил директор на Музејот во Охрид. Роден бил во Охрид, на 1 март 1875 година.

По повод 80 годишнината од смртта на Прличев Општина Охрид и НУ Завод и музеј – Охрид организираат свеченост денес која ќе се одржи во Спомен куќата на Христо Узунов.

Во рамки на програмата која започнува во 11.00 часот предвиден е историски час за ликот и делото на Кирил Прличев на кој ќе говори м-р Михаил Патчев, проф. по историја, културно – уметничка програма, како и едукативен час – Разгледување на изложбата: „Лица на револуцијата“ од Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски од страна на учениците од општинските основни и средни училишта.

OhridNews