Средниот бек Златко Везенковски и леворакиот ракометар Стефан Трпчевски нема да го носат повеќе дресот на Ракометниот клуб Охрид.

Везенковски беше еден од подобрите и постандардните ракометари во екипата минатата сезона, додека Трпчевски дојде од Струга како засилување во зимскиот преоден рок за пласман во плејофот кој Охрид на крајот не успеа да го реализира.

РК Охрид и новиот тренер Раде Стојановиќ во летниот преоден рок ќе треба ангажира замени на овие позиции и уште на неколку доколку е потребно.

OhridNews