Ракометниот клуб Охрид ќе има изменет состав за следната натпреварувачка сезона во Супер лигата, откако спогодбено се раздели со Хрватот Денис Тот и српскиот пивотмен Игор Чагаљ.
Десниот бек Тот во Охрид пристигна на почетокот од минатата сезона и две години беше дел клубот, додека Чагаљ, охриѓани ги засили на почетокот од изминатава сезона. Двајцата оставија голем белег во охридскиот дрес, давајќи максимум на тренинзите и теренот.
Тот ќе остане во Македонија, потпишувајќи договор со екипата на Бутел Скопје, а Чагаљ замина во Швајцарија, засилувајќи го Базел.
OhridNews