Познатиот професор по виолина и долгогодишен раководител на КУД „Ѓердан“ и хорот „Распеано ѓерданче“, Методија Бараковски – Менде, почина во 82-та година од животот. Веста за смртта на познатиот музички и културен работник ја соопшти неговото семејство на социјалните мрежи.
Бараковски беше еден од најистакнатите луѓе од културниот и музичкиот живот во Охрид. Целиот свој работен век тој го посвети на најмладите таленти во нашиот град.
Во 2016 година ја промовираше збирката песни „Ѓердан од распеани ноти“ која содржи повеќе од 70 песни, чиј композитор, а на поголем дел од нив и автор и аранжер е токму Бараковски.
Погребот на Менде Бараковски е во недела, 26 јануари, од 12:00 – 12:30 на градските гробишта во Охрид.
OhridNews