Охрид се приклучи кон масовното одбележување на Неделата на движење во Европа под мотото „За долг и здрав живот“.

Организатор на настанот кој се одржа вчера во 21 општина во Македонија е Федерацијата за рекреативен спорт, а покровител Агенцијата за млади и спорт и Меѓународната асоцијација за спорт и култура, ИСЦА од Копенхаген.

 Младите од Охрид најпрвин се забавуваа со игрите без граници, кои во Основното училиште “Климент Охридски” ги организира Проф.Валентина Караѓуле, а вечерта возрасните уживаа во двочасовниот аеробик хепенинг со Проф. Кате Бујароска Анѓелеска и Проф. Љупчо Ѓуроски кој се одржа во Еконоското училиште “Св. Кирил и Методиј”.

 Ваквите активности се организираат со цел подигнување на свеста за потребата од активен начин на живот и омасовување на рекреативно-спортските активности.


Охрид се приклучи на одбележувањето на „Неделата на движење во Европа“

OhridNews