Претставници на општина Охрид без дел од Саемот за културен туризам и партнерска соработка, што од 1-ви до 4-ти април се одржуваше во Велико Трново, Република Бугарија.
-Во рамки на овој саемски настан, беа остварени деловни средби со други регионални партнери, општини и организации. Покрај средбите, градот беше промовиран на саемот и со промотивни материјали. Исто така делегацијата на општина Охрид, реализира повеќе средби со повеќе туристички организации и агенции од Бугарија при што беа договорени различни заеднички активности во насока на развој на туризмот и зголемена туристичка промоција на Охрид во иднина, појаснуваат од охридската локална самоуправа.
Оттаму информираат дека посетата на Велико Трново, била искористена и за остварување на работна средба во Канцеларијата за Европски проекти, каде што се договорила заедничка подготовка на проектни апликации за партнерски настап пред Европските финансиски фондови, донатори и други институции од полето на туризмот, културата, руралниот развој и спортот.
На Меѓународниот фестивал на туристички филм кој се одржува во рамки на саемот, преку Македонската агенција за поддршка на туризмот, бил прикажан филмот „Охрид – Град на светлината“.
OhridNews