По повод 24 Мај- Денот на сесловенските просветители, делегации на локалната самоуправа, на јавни, културни и просветни институции, како и претставници на политичките партии и на бугарската амбасада во Скопје,  денеска положија свежо цвеќе пред споменикот на сесловенските браќа Св. Кирил и Св Методиј во Охрид.



Охрид се поклони пред споменикот на сесловенските просветители

Денот на сесловенските просветители на градскиот плоштад беше одбележан со музички хепенинг во рамки на кој градоначалникот на Охрид, Алексадар Петрески, на 40-тина ученици добитници на награди за осовоено прво, второ и трето место на домашни и меѓународни натпревари им врачи пригодни подароци во знак на благодарност за афирмацијата на Охрид од нивна страна.

По повод 24 Мај, Денот на Сесловенските просветители, во општинското угостителско-туристичко училиште “Ванчо Питошески“ , денеска свечено беше пуштен во употреба новиот кабинет по готварство, а се одржа и турнир во фудбал помеѓу учениците од трите средношколски центри.

ohridnews