– Денеска слави целиот македонски народ, но и сите други светии врз кои што делото и ликот на Св. Климент оставија траен белег. Неговиот дух не е само овде во црквата на Плаошник, туку и подолу во Св. Софија, но и во Бигорскиот и во Лесновскиот манастир и секаде низ македонска земја, додаде архиепископот Стефан.
Голем број верници денеска го посетија Свети Климентовиот храм Свети Пантелејмон на Плаошник и присуствуваа на богослужбата. Тие се поклонија пред моштите на заштитникот на Македонската православна црква и на градот Охрид, Свети Климент.
Oхрид се поклони пред моштите на Свети Климент