Средбата со претставниците на локалната самоуправа од Охрид, Дебрца, јавните претпријатија „Македонија-пат„, „Комуналец“, АД „Илинден“ и од подрачната единица на Државниот инспекторат за транспорт при Министерството за транспорт и врски, е иницирана со цел запознавање со подготвените оперативните планови на субјектите за навремено преземање мерки за зимско одржување на целокупната патна мрежа на подрачјето. Оттаму, на средбата беше потенцирана неопходноста од прецизност и оперативност на плановите за зимско одржување на патиштата заради уредно и безбедно одвивање на сообраќајот на сите магистрални и регионални патишта на подрачјето како и точно дефинирање на надлежностите, информираат од СВР Охрид..
Со цел елиминирање на некои досега пројавени слабости, беше нагласена потребата од зголемување на меѓусебната соработка и координација меѓу сите чинители кои се директно поврзани со зимското одржување и функционирање на патиштата, но и потребата од зголемен степен на безбедност за сите учесници во сообраќајот во зимски услови, се наведува во соопштението.