Здружението на граѓани за целосна афирмација на МПЦ, „Богојавление“ ги прави последните подготовки пред верскиот празник Водици, кога традиционално со фрлањето на чесниот крст ќе бидат осветени водите на Охридското Езеро.
Годинава кумови на манифестацијата се Христијан Шапкар, Борис Маркулески и Олег Маленко .
Минатата година во Охридското Езеро по чесниот крст запливаа преку 450 кандидати, а најсреќен беше Митко Топеничаров.
Пријавувањето на кандидатите ќе трае до 18 јануари, до кога учесниците ќе добиваат маици за препознавање, а најсреќниот, оној што ќе го извади крстот од водата, ќе добие вреден подарок од кумовите.
Светиот крст на 19 јануари ќе се фрла од охридското пристаниште.