Исто така, на средбата ќе бидат прецизирани тимовите и пунктовите за вакцинација на територијата која ја покрива ЦЈЗ во Охрид, како и приоритените групи за вакцинација со посебен акцент на хроничните болни во охридскиот регион.
Стручните лица меѓу другото треба да ги утврдат и количеството на потребни заштитни средства и средства за дезинфекција и да извршат проценки на снабденоста на охридскиот регион со лекови.
По извршената посета, Институтот за јавно здравје ќе подготви извештај за oхридскиот регион како дел од Акциониот план, кој треба да се достави до Комисијата за Пандемски грип, при Министерството за здравство, заради конечно усвојување.