Подготовките околу организацијата на форумот на НАТО одат добро и убеден сум дека навреме ќе ги реализираме преземените обврски, вели градонаќалникот Александар Петрески. “Ние уште од септември контактираме и со централната власт и се договараме, но за жал поинтензивно се започна да се работи дури сега, но убеден сум дека се ќе се заврши според договореното“, рече тој.
Туристичка се шминкаше, Железничка не дојде на ред
Убеден сум дека Охрид пред форумот на НАТО, ќе добие ново осветлување, и дека ќе се завршат сите инфраструктурни зафати, но уливцата “Железничка“ не влегува во подготовките за форумот на НАТО, иако ние инсистиравме на тоа бидејќи ќе таа улица ќе биде алтернтива за булеварот “Туристичка“, објаснува Петрески. Тој најави средба со министерот за финансии Трајко Славевски на која ќе биде разговарано за улицата “Железничка“, како за состојбите во МЈП Проаква.
Г.М.