Наместо победа над Локомотива и останување во трка за местата кои обезбедуваат второлигашки фудбал и наредната година, охридскиот брод заполови во бурни води, и до коло во коло е се подалеку од опстанокот.


По воведната победа над Цементарница, следуваа три порази во низа, кои кулминираат со прекинот во Велмеј.Каква и да е казната за охридскиот тим, сé поизвесно е дека наредната сезона „белите“ ќе се преселат во регионот.

Крајно непопуларна и неоправдана се покажа одлуката на управата на охридскиот второлигаш, која наместо на “Билјанини Извори” се одлучи натпреварот со Локомотива да го одигра во с. Велмеј. Со одвлекувањето на ФК Охрид од својата публика факт е дека тешко ќе успеат да го изборат опстанокот.

До крајот на Втората МФЛ има уште осум кола, а од местото кое води во бараж натпревар Охрид го делат седум бода.

М.П.