Голем хуманитарен концерт ќе се одржи денеска во ресторанот за настани „Деспина“ во Охрид за помош на нашата сограѓанка Бојана Бонеска.
На настанот насловен „Сите за Бојана“ ќе настапат: Камелеон, Ѓоко Танески, Urban Planet, Luger, No Fun, Backdoor Band, Балканикос, група Сарај, Dj Marama & Vlado Broz и ФА Отекс.
Хуманитарниот концерт почнува во 13 часот, а влезот чини 200 денари. Сите собрани средства ќе бидат донирани за лекување на Бојана, информираат организаторите.
Хуманите граѓани може да донираат средства и на жиро сметката отворена за оваа намена, како и специјалните телефонски броеви преку мобилните оператори.
На Бојана пред девет месеци и е дијагностициран „Small Bowel Neuroendocrine Carcinoma“. За нејзиното лечење потребни се 90 илјади евра.
OhridNews