Кошаркарите на Охрид потешко од очекувањата го совлада Вардар во дербито на колото во Втората кошаркарска лига со 83-75 (18-22, 17-19, 28-19, 20-15).


Младиот состав на Вардар рамноправен противник беше во целиот натпревар и ги испотија охриѓани за бодовите во буквална смисла на зборот.

„Црвено црните“ ги добија првите две четвртини со (18-22) и (17-19) и на полувремето заминаа со шест кошеви позитива.


„Галебите“ со фуриозна серија од 16-2 во третата четвртина го свртеа резултатот и го презедоа водството (63-60) пред последната четвртина.

Во решавачкиот квартал пресуди искуството кое го имаат кошаркарите во составот на Охрид. Со сигурни поени ја „плетеа“ победата вкупно шеста во шампионатот во исто толку натпревари.


Во седмата рунда охриѓани гостуваат кај составот на ФМП Академија.

Мх.П.