Прволигашките екипи Ренова и Работнички главниот дел од подготовките за пролетната полусезона во македонска фудбалска елита ќе ги одработат во Охрид. „Гипсарите“ во Охрид ќе пристигнат на 22 јануари, а, тогаш се очекува да дојде и скопски Работнички.

Интерес за користење на услугите на СРЦ „Билјанини Извори“ има голем, но за сега потврдени се Ренова и Работнички. Имавме некои разговори со екипи од Србија и од нив очекуваме одговор во најбрз можен рок. – изјави директорката на ЈП „Билјанини Извори“, Гордана Јованоска.

Контролни мечеви во Охрид ќе играат Струга Трим Лум, Пелистер и можеби уште некој прволигаш, а, тука е и охридскиот фудбалски клуб кој полека го комплетира планот за зимските подготовки.

Втората полусезона во Првата лига стартува на средината од февруари додека второлигашките мечеви ќе започнат во март месец.

Мх.П.