Цените во хотелите се движат од 20 до 35 евра за сместување со појадок. Според веќе извршените резервации, најмногубројни и ова лето ќе бидат гостите од Србија, Албанија и Бугарија.
Во приватниот сектор ноќевање чини од 300 до 500 денари, а цената на апартманите се движи од 20 до 50 евра за ден.
Во пресрет на туристичкиот шпиц охридските угостители ги зголемија цените на пијалоците во просек за 10 денари, а поскапе и храната во рестораните и сендвичарите.