Без победник 1-1 (1-1) заврши контролната пресметка помеѓу Охрид и Велешта, кој двете екипи ја одиграа на СРЦ „Билјанини Извори“.
За двата второлигашки состави ова беше последна тест средба, пред почетокот на пролетната полусезона во Втората лига, кој е закажан за следната недела.
Охрид теренската иницијатива ја круниса со почетно водство. Резултатот го отвори Шериф Реџепи, кој со гол ја заокружи тимската акција. Велешта после примениот погодок почна да го диктира темпото на игра, а сето тоа го валозирираше пред крајот кога Алтин Лога израмни на 1-1.
Во вторите 45 минути Бочески и Џигероски изротираа во екипите и темпото на игра опадна. Двете екипи создадоа прилики, кои беа далеку од идеални за погодок.
Охрид втората етепа во Втората лига ќе ја започне на домашен терен против Кораб, а Велешта гостува во Кичево кај Велазерими.
OhridNews