Без голови и без победник заврши локалната пресметка помеѓу Велешта и Охрид во рамките од 11-та рунда во Втората македонска фудбалска лига-запад.
„Рибарите“ со ремито против Велешта ставија точка на серијата од два порази на гостински терен и го освоија 16-от бод во второлигашката конкуренција сезонава.
Натпреварот почна во знакот на домаќините, кои нападнаа со сите сили. Сепак, охриѓани оддолеаја од нападите и ја стабилизираа играта. Следуваше шанса на Бурхан Алији кој од слободен удар биеше во добро поставениот домашен голман.
До крајот на првиот дел, двете екипи немаа некои посериозни прилики и на одмор заминаа со 0-0.
Борбата на теренот продолжи и во вториот дел. Велешта ја имаше теренската иницијатива, но Охрид добро играше во одбрана. Од неколкуте шанси за издвојување е ударот покрај голот на Игор Клечкароски и ударот на Оливер Дишлиевски кој го одбрани голманот на домаќините.
Охриѓани ќе останат на средината од табелата после 11-та рунда и со добар ветар во грб за следните предизвици во Втората лига.
Во 12-та рунда, „рибарите“ на домашен терен ќе го пречекаат составот на Дрита.
OhridNews