Без победник 1-1 (0-0) заврши контролната средба Охрид – Гостивар која денеска во рамките од подготвителниот период двете екипи ја одиграа на СРЦ „Билјанини Извори“.
Натпреварот иако контролен понуди добар фудбал, бидејќи екипите играа отворено, испробувајќи повеќе варијатни во напад и одбрана. Првите дел заврши без голови, а во вториот мрежите се тресеа по еднаш. Први поведоа гостите, а охриѓани израмнија со голот на Ајрадин Цуцули од белата точка.
Следен тест за охридските „сино бели“ ќе биде средбата со прилепска Победа, потоа, следуваат дуелите со Воска Спорт и Кораб.
OhridNews