Без победник 1-1 (1-0) заврши тест пресметката помеѓу второлигашките екипи Охрид и Гостивар на Спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“.

Првиот дел помина во знакот на охридските фудбалери кои ја имаа иницијативата и шансите. Надмоќноста на теренот, охриѓани ја капитализираа во 38-та минута кога шутот на Бурхан Алији од слободен удар заврши во мрежата на гостинскиот голман.

Во второто полувреме, составот на Гостивар ја презеде контролата на теренот. Во 65-та минута гостиварчани го изедначија резултатот. Дефанзивецот Акан Лимани од втор обид ја погоди целта, откако во првиот охридскиот голман го одбрани ударот.

До крајот на мечот, двете екипи менуваа, дождот не дозволи убава игра и со реми заврши второлигашката пресметка во Охрид.

За „рибарите“ ова беше второ реми во подготвителниот период, додека Гостивар останува во Охрид каде ќе ги одработи финалните подготовки за почетокот на Втората лига-запад.

Мх.П.