Охрид `04 ремизираше 1-1 на гостувањето кај Дрита во Боговиње. “Рибарите“ дошле до предност преку Китрозоски во 70 минута, а во самиот финиш на мечот домаќините изедначиле со автоголот на Ѓорески.
За Охрид ова е само второ реми во шампионатот, второ на гостувањата. Во наредното коло Охрид на домашен терен ќе игра против Цементарница.