Охрид отсекогаш бил расадник на таленти, кои патот кон успехот започнуваат да го градат уште од најмали нозе. Еден таков пример е Лео Нелоски, 5-то одделенец во ОУ „Григор Прличев“. Бројните успеси на натпревари по знаење, тој неодамна ги надополни со прво и второ место на Државниот натпревар по природни науки што се одржа во рамки на “Месец на науката ноември 2018”, а  вреден пехар освои и на меѓународниот бреинобреин натпревар што се одржа од 24-28 ноември во Дубаи.

Постигнатите успеси во континуитет на малиот Лео, покрај бројните признанија, му донесоа и вредна стипендија во полн износ од приватното училиште „Јахја Кемал“, каде тој ќе продолжи да учи веќе од второто полугодие од оваа учебна година.

Во меѓувреме тој се подготвува за натпреварите по природни науки и пијано. Музиката му е голема љубов, наследена од неговиот татко Симе, инаку познат охридски хармоникаш.

Дел од успехот на малиот Лео се должи и на добрата работа на наставниците од ОУ „Григор Прличев“ и класниот раководител Нина Ристеска, кои, тој сега ќе ги замени со ментори во училиштетот „Јахја Кемал“ каде ќе стекнува нови знаења и ќе се надградува преку бројни проекти и натпревари кои го очекуваат.

OhridNews