Изедначено 13-13 е по првиот дел во дерби пресметка меѓу Охрид и Радовиш во четвртата рунда од Супер лигата.
Ракометарите на Охрид треба и мора да бидат задоволни од овој исход на полувремето откако во текот на мечот имаа негатива од три погодоци (7-10, 8-11 и 9-12).
Со серија од 4-1 „сините“ успеаја да ја анулираат предноста на гостите кои во Охрид допатуваат да останат непоразени.
Мх.П.