Со многу насмевки на стартот и целта, позитивна енергија, добра музика, забава и дружење помина ноќната трка во склоп на најголемиот спортски настан за 2018 година „Охрид трчаТ“.

За забавата на градското пристаниште се погрижија охридските артисти Dj Dark_M, Dj Jana Slay, групата Lucky Strikes и Dj Regie Rules, а организаторите ги изненадија учесниците со огномет.

Активностите на „Охрид трчаТ“ продолжуваат во среда на 23 мај со училишна трка која е поддржана од Европската унија, а ќе биде организирана во партнерство со Сојузот на училишен спорт.

Фото-галерија:


Охрид пулсираше во ритамот на трчањето и музиката !

Михаил Постоловски