Викендот пред нас ќе понуди одлична забава во популарните охридски локали, кои полека се подготвуваат за претстојните новогодишни и божикни празници. Музика во живо и изменето мени во ресторан „Бонанца“, староградска музика и одлично мени од портфолиото на „Топ бургер“ во „Ла фабрик“, бендови во живо во „Куба либре“, „Кадмо“, Импровокација во центарот за култура…
На 22 ноември, петок, во „Куба либре“ настапува дуото „Shine“ на одличниот гитарист Дамјан Пејчиноски.
Забавата почнува во 22 часот.
Во петок, 22 ноември во фиш ресторан „Лихнидос“ настапувар Кико и Коки.
На барање на публиката, и оваа сабота забава со староградски мелос во омиленото место на охриѓани „Ла фабрик“, надополнета со извонредно мени од кујната на „Топ Бургер“. На 23 ноември во „Ла фабрик“ уживајте со староградска музика со ансамбл „Билјана“.
Забавата почнува во 21 часот. Резервации на: 078 500 554.
Ресторан „Бонанца“ полека ја загрева атмосферата за претстојните новогодишни и божикни празници. Оваа сабота, 23 ноември уживајте со музиката на „Премиера бенд“ во одличен амбиент, со вкусна храна и добра дружба.
Резервации: 075 362 584; 070 650 490
Во сабота 23 ноември, во фиш ресторан „Лихнидос“ забава со „Селект бенд“.
Забавата почнува во 21 часот.
На 23 ноември, сабота, во „Куба либре“ настапува Ѓоко Танески со неговиот бенд.
Забавата почнува во 22 часот.
И оваа сабота, 23.11., во „Кадмо бар“ е резервирана за „Балкан џем“.
Свирката стартува во 22 часот.
Информации и резервации: 078 288 365.
Оваа сабота (23 ноември) на керал сцената при Народен Театар Охрид, ќе се изведе втората епизода од шестата сезона на комичното шоу Импровокација. Учествуваат актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски, со музичка поддршка од Никола Јосифоски и Филип Ангеличин – Жура, како “совест” на шоуто.
Почеток на претставата е во 20:00 часот.
Билетите можат да се купат во музичката продавница „ЗЗ Топ“ по цена од 200 денари, или да се резервираат на телефонскиот број 075/283066.
За популарните настани во градот редовно информирајте се во рубриката „Што, Кога, Каде“.
OhridNews