Националната арена „Тодор Проевски“ и теренот во комплексот од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе бидат домаќини на бараж натпреварите за прволигашки статус следната сезона.

Охридските фудбалери кои за ривал ја добија Ренова билет за пласман во Првата македонска фудбалска лига ќе бркаат на теренот од комплексот од ФФМ додека дуелот Тиквеш – Силекс ќе се одигра на Националната арена „Тодор Проевски“.

Натпреварите се закажани за 25 мај, во 16 часот. Ако нема победник во регуларните 90-те минути ќе се премине директно на пенали.

OhridNews

 

 

Ренова стои на патот од Охрид за пласман во Првата лига