Македонската женска ракометна репрезентација првите подготовки за Европското првенство ќе ги одржи во Охрид. Избраничките на Гино Стрезоски од 1 до 7 ќе бидат во Охрид каде ќе ја брусат форматата за ЕП.

Стрезоски во изборот на ракометарки кои ќе ги бранат боите на Македонија се потпре од домашните екипи. Најмногу има од Металург дури девет, три има од Вардар додека две од Жито Прилеп, македонската селекција ја комплетираат четири “странски“ репрезентативки.

Вторите подготовки ќе се одвиваат во Скопје од 19 ноември, потоа следува турнирот во Турција од 22 до 26 која ќе биде генерална проба за Европското првенство.

Мх.П.