Утре, со почеток во 12 часот, во водите на Охридското езеро ќе се одржи 10 километарска трка во рамките од ФИНА светската серија 2019 година. Трката во Охрид е седма во календарот и може да биде клучна околу конечниот изглед на табелата во генаралниот пласман. Вкупно ќе учествуваат 15 пливачи а помеѓу нив се наоѓаат водечкиот во Ултра гран при серијата Евгениј Поп Ацев, победникот на „големиот маратон“ во Охрид Аксел Рејмонд и останати реномирани пливачи со шампионско педигре.

  • Трет пат во мошне краток временски период благодарание на соработка со ФИНА домаќини сме на светската пливачка елита. Охрид прв пат во својата историја е домаќин на натпреварување во пливањето од ваков вид. Ветеното како Пливачка федерација на Северна Македонија ние го исполниме и останува уште пливачите да го кажат последниот збор на утрешната трка. ФИНА да побараше да ги собереме сите овие пливачи немаше да успееме и навистина сме горди што ќе имаме вистинска и здрава конкуренција на маратонот на 10 километри од светската серија. – изјави претседателот на ПФСМ, Александар Маленко.

Делегатот на ФИНА, Жан пол Нарс ја пофали работата ПФСМ и одличните ортанизирани маратони во рамките од Лен Купот на 10 километри и Ултра серијата на 25 километри.

  • Многу ми е мило што можам да соработувам со луѓе какви што има има во македонската куќа на пливањето. Се е под конец, ја разбираат работата и нам многу ни е лесно да оцениме работата. Конкуренција е светска и мислам дека ќе биде спектакуларен маратон на 10 километри. – истакна делегатот од Франција.

Делегат за безбедност на пливачите ќе биде Тања Богомилова од Бугарија, додека лекарскиот тим ќе го предводи Јан Гордо со безрезервна поддршка од Црвениот Крст од Охрид.

После трката во нашиот град следуваат трките во Тајпеј и Хангжу во Кина.

Мх.П.