Фудбалерите на Охрид на домашен терен против составот на Велазерими од Кичево ќе ја започнат новата сезона во Втората македонска фудбалска лига-запад.

„Рибарите“ во второлигашкото друштво се враќаат по пауза од осум години кога последен играа и обезбедија пласман во Првата МФЛ. Охриѓани билет за Втората лига обезбеди триумфирајќи во Третата МФЛ југо-запад минатата сезона.

Второлигашките возбудувања ќе започнат на 24 август.

Двојки 1. коло:

Кадино – Лабуништа

Пелистер – Вардар Форино

Кораб – Скопје

Гостивар – Дрита

Охрид – Велазерими

Во склоп на ждрепката за Втората лига извршено беше и влечење за првите мечеви во Купот на Македонија. Охрид за противник го доби тимот на Беласица. Мечот се игра во Охрид на 21 август.

OhridNews