Екипата на Охрид на домашен терен против Тиквеш од Кавадарци ќе ја започна новата сезона во ракометната Супер лига.

За охриѓани претстојната сезона во македонската ракометна елита ќе биде осма по ред, а во неа влегуваат со амбиции за пласман во плејофот.

Во првата рунда најмногу внимание ќе привлече скопското дерби Металург – Пролет, а останатите парови се Вардар – Скопје 2020, Радовиш – Струга, Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2, Бутел Скопје – Прилеп.

Првите шест екипи на табелата обезбедуваат пласман во плејофот, а вторите ќе разигруваат за опстанок. Сите екипи ќе пренесат одреден број на бодови, во зависност од пласманот на табелата.

Планот на РФМ е до крајот на тековната година да се одиграат 17 мечеви од регуларниот дел. Мечевите да продолжат во февруари и до март да се завршат. Потоа во март, април и мај да се финишира сезоната. Новата сезона стартува на 8 септември.

  • Двојки 1.рунда:

Вардар – Скопје 2020

Радовиш – Струга

Охрид – Тиквеш 2014

Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2

Бутел Скопје – Прилетп

Металург – Пролет

OhridNews