Екипите на Работник Еурофарм и Борец се противници на ракометниот клуб Охрид во групата на меморијалниот турнир во Прилеп во чест на Миле Нешкоски.
Во другата група се најдоа организираторот на турнирот Прилеп, битолски Пелистер и скопски Тинекс Пролет.
Охридските ракометари кои се бранители на трофејот против составот Работник Еурофарм во четврток на 25 август официјално ќе го отворат турнирот, а ден потоа ќе се сретнат со Борец.
Во зависност од пласманот во групата „гладијаторите“ во недела на 28 август ќе разигруваат за една од шесте позиции.
Групи:
А: Прилеп, Пелистер, Тинекс Пролет
Б: Охрид, Борец, Работник Еурофарм
Распоред:
Четврток:
17ч: Охрид – Работник Еурофарм
19ч: Прилеп – Тинекс Пролет
Петок:
17ч: Борец – Охрид
19ч: Тинекс Пролет – Пелистер
Сабота:
17ч: Работник Еурофарм – Борец
19ч: Пелистер – Прилеп
Недела:
14ч: Меч за петто место
15ч: Меч за трето место
16ч: Финале
OhridNews