Контролниот натпревар охридските ракометари против Прилеп ќе го одиграат во „Билјанини Извори“ в четврток со почеток во 19 часот.


Терминот и местото на одигрување се променети откако Јавното Претпријатие „Билјанини Извори“ ги реши проблемите со ЕВН за старите долгови и доби струја по повеќе од три месеци.

За „гладијаторите“ ова ќе биде трет контролен натпревар во зимскиот подготвителен период, а прв на домашен терен.

До сега охридските сини одиграа два мечеви и тоа во гости против Прилеп и Работник од Битола.

Мх.П.