Охридските ракометари на домашен терен против составот на Прилеп ќе ги започнат мечевите во плејаутот во Супер лигата.
„Гладијаторите“ во плејаутот ќе играат без резултатски притисок, бидејќи опстанокот не им е загрозен ниту во најцрните сценарија. „Езерското“ дерби со Струга ќе се одигра во четвртата рунда, а прв домаќин ќе биде Охрид.
Во првата рунда од плејофот силите ќе ги одмерат Металург – Пелистер, Еурофарм Работник – Вардар односно Пролет – Бутел. Мечевите стартуваат викендов.
Распоредот на Охрид во плејаут лигата:
1.коло: Охрид – Прилеп
2.коло: Охрид – Борец
3.коло: Радовиш – Охрид
4.коло: Охрид – Струга
5.коло: Вардар – Охрид
OhridNews