Екипата на Охрид новата сезона во Втората македонска фудбалска лига ќе ја започне на гостински терен против Гостивар
Составот на Гостивар е аспирант за висок пласман и еден од најактивните клубови во летниот преоден рок, доведувајќи фудбалери со прволигашки стаж и квалитет.
Од друга страна, гостувањето за Охрид во Гостивар ќе биде супер можност за надигрување и добар почеток на сезоната.
Во текот на подготвителните натпревари екипата на Охрид ја совлада Дрита со 3-1, а порази претрпе во прволигашките контроли со Шкупи, Пелистер, Работнички, Струга Трим Лум и Македонија Ѓорче Петров.
Новата сезона во Втората лига стартува на 22 август.
Двојки 1. рунда:
Гостивар – Охрид
Дрита – Вардар Форино
Скопје – Велазерими
Велешта – Кадино
Тетекс – Кораб
OhridNews