Четвртфиналистот во Лигата на Шампиони и актуелниот македонски првак Вардар е противник на охридските ракометари во 1/4 финалето од Купот на Македонија.
Охридските ракометари се наоѓаат во првата четвртфинална група заедно со Металург Јуниор, кој ќе го пречека победникот од првиот дуел меѓу Охрид и Вардар.
Победниците од четирите четвртфинални групи на 17 и 18 мај во Охрид ќе се борат за титулата во Купот на Македонија.
Група 1 : Охрид, Металург Јуниор, Вардар
Група 2 : Тинекс Пролет, Рк Битола, Куманово, Работнички
Група 3 : Зомимак, Младост, Радовиш, Преспа
Група 4 : Пелистер, Јехона, Металург, Прилеп.
Датумот и местото на одигрување на мечевите од 1/4 финалето дополнително ќе бидат одредени.
Мх.П.