Составот на Еурофарм Работник е ривал на охридскиот ракометен клуб во четвртфиналната група во Купот на Македонија. Останатите две екипи се Вардар Јуниор и Астраион.

„Фармацевтите“ ќе бидат организиратори на четвртфиналната група и се освен нивни пласман на завршницата ќе биде големо изненадување. „Гладијаторите“ сезонава во неколку мечеви покажаа дека можат да се надигруваат, но разликата во квалитет е голема.

Екипата на Струга за ривал го доби Металург 2, а ако успее да победи ќе ги одмери силите со бранителот на трофејот Вардар кој во првата средба од четвртфиналната група ќе се сретне со Прилеп.

Четвртфиналните групи ќе се играат на 20/21 април.

Групите:

Група 1:  Еурофарм Работник, Охрид, Вардар Јуниор, Астраион

Двојки: Еурофарм Работник – Охрид, Вардар Јуниор – Астраион

 

Група 2:  Металург, Пролет, Радовиш, Јуниор Кисела Вода

Двојки: Металург – Јуниор Кисела Вода, Радовиш – Пролет

 

Група 3: Бутел Скопје, Пелистер, Борец, ГРК Тиквеш

Двојки: Бутел Скопје – Пелистер, Борец – ГРК Тиквеш

 

Група 4: Вардар, Струга, Прилеп, Металург 2

Двојки: Вардар – Прилеп, Струга – Металург 2

OhridNews