Фудбалерите на Охрид претрпеа минимален пораз (1-0) во тест средбата со ривалот од Втората лига, Велешта.

„Рибарите“ во текот на мечот имаа неколку прилики да го отворат резултатот и да поведат. Најзрелата ја имаше Шериф Реџепи кој не реализираше од белата точка. Казната стигна на спротивната страна кога Велешта од пенал ја погоди целта и на крајот славеше со минимални 1-0.

Охридските фудбалери мечевите во Втората лига ги продолжуваат следниот викенд на гостински терен кај тимот на Дрита. Охриѓани после четири одиграни мечеви имаа четири бодови и котираат во горниот дел од табелата.

Почетен состав Охрид: Симоновски, Трпески, Цуцули, Маркоски, Вељаноски, Ариф, Ѓорѓиески, Мерсовски, Кочоски, Целески, Реџепи

OhridNews