Охрид е најубаво украсениот град во Македонија за Новогодишните празници.
 
Ова е исходот  акцијата за избор на најукрасен град во организација на ТВ А1 и дневниот весник „Шпиц“. Прекрасниот изглед на Плоштадот „Свети Климент Охридски“, чаршијата, главните сообраќајници и улиците кои водат кон периферијата на градот, придонесоа Охрид по убавиот и празнично уреден изглед и амбиент да отскокне пред сите други градови во Републиката па и од македонската метропола, Скопје.


Охрид најубаво украсен град во Македонија

Наградата за најукрасен град во Македонија, на градоначалникот Александар Петрески ќе му биде врачена во сабота на 29.12.2007. во 19 часот на Плоштадот во Охрид. Чинот на врачувањето на наградата ќе биде проследен со пригодна музичка програма.

ohridnews