На манифестацијата за доделување на туристички награди , што се одржа од 1-ви до 4-ти овој месец на брегот на езерото Лугано во Швајцарија , на Охрид му беше доделена престижната награда “Кралство на светлината и водата , место за одмор со големи склоности кон туризмот”.
Наградата на градот Охрид му беше доделена во категоријата Градови од хуманистички размери.
На свеченоста исполнета со бројни промотивни содржини , наградата му беше врачена на градоначалникот на Охрид , Александар Петрески, кој по тој повод денеска ќе одржи прес конференција.
ohridnews