Станува збор за официјалната публикација на оваа меѓународна хуманитарна организација, која секој месец ја добиваат над милион и двеста илјади членови, во 122 земји, на 22 светски јазици.
Сторија за Охрид во магазинот „Lions international“
„Конечно Охрид доби промоција која е најголема до сега во глобални рамки“, потенцира Ѓоко Апостолов од охридскиот Лајонс клуб. Статијата за Охрид, е единствениот текст од овој вид објавен во магазинот „Lions international“, а кој се однесува на град од Балканот. „Текстот заслужува да биде прочитан од толкав број луѓе. Се надевам и оние кои до сега не слушнале за Охрид, сега ќе имаат претстава за каква природна убавина станува збор“, вели Апостолов.
„Охрид е вистински скапоцен камен на Балканот. Чудесно богатство кое чека да биде откриено“- завршува статијата за Охрид, која деновиве го привлече вниманието на бројните читатели ширум светот.