Во заедничка соработка со туристичките работници од градот, на саемот се одржа презентација на целокупната туристичка понуда на Охрид. Првенствено се презентираат природните убавини на градот, културните знаменитости, историските обележја како и комодитетот на хотелите, рестораните и приватното сместување. На саемот се служат македонски вина и ракии кои се едни од најквалитетните во регионот и препознатливи за сите оние кои знаат да го препознаат квалитетот.
Како што соопштуваат од Локалната самоуправа, пројавен е голем интерес од страна на српските медиуми за промовирање на Охрид, туристичките работници остваруваат контакти со голем број посетители, заинтересирани агенции и туроператори.