Получасовна емисија за Охрид синоќа беше прикажана на сателитскиот канал на националната телевизија на Црна Гора – РТЦГ.
Емисијата “Запис“беше посветена на неодамнешната посета на туристички работници од Црна Гора на Охрид, што ја организираше друштвото за Македонско-црногорско пријателство.
Во рамките на емисијата беше објавено интервју со градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, кој зборуваше за традиционалните пријателски односи и соработката на Охрид со црногорските градови Будва и Котор, како и за можностите за продлабочување на соработката особено во сферата на туризмот.
Охрид во емисијата емитувана на РТЦГ беше прикажан како значаен туристички и духовен центар, од каде потекнуваат писменоста и културата на сите словенски народи.