Претставници од одделенитето за туризам од секторот за ЛЕР, од 26 до 28 март, учествуваа на Меѓународниот саем за туризам Ниш 2010, каде беа претставени туристичките потенцијали на Охрид.


Со оглед дека гоститите од Јужна Србија последниве години беа едни од најбројните на охридското крајбрежје, интересот за охридскиот штанд беше огромен.


Во трите саемски денови, посетитителите посебен интерес пројавиле за понудата во приватното сместување и цените на услугите вон главната туристичка сезона. Коментарите на оние гости кои веќе престојувале во Охрид се многу позитивни,  а градот се препорачува како одлична туристичка дестинација.

Ohridnews